Институт за национална историја
English
Македонски
  • Насловна
  • За нас
    • Мисија
    • Историјат
    • Раководство
  • Вести
  • Истражување
    • Одделение за античка и средновековна историја
    • Одделение за османско-турски период
    • Одделение за преродбенско-националноослободително движење
    • Одделение за меѓувоениот период
    • Одделение за НОВ и најнова историја
    • Балканолошко одделение
  • Други сектори
    • Документационо одделение
    • Одделение за општи, правни и финансиски работи
  • Студии
    • Постдипломски
    • Докторски студии
  • Публикации
  • Галерија

Одржани годишни конференции, работилници и одбранети докторски дисертации на студиската програма Културна историја (докторски студии)

20.09.2017 -

Фотодокументацијата од одржаните годишни конференции, работилници и одбранети докторски дисертации на студиската програма Културна историја од трет циклус студии – докторски студии при Институтот за национална историја може да ја превземете од линкот под текстот.

Организатор: Институт за национална историја, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје

Раководител на студиската програма е проф. д-р Билјана Ристовска - Јософовска

Одржани годишни конференции, работилници и одбранети докторски дисертации на студиската програма Културна историја (докторски студии)

Македонска Александрида (Извадок од „Славјано - маќедонската општа историја“ од Ѓорѓија М.Пулевски)

20.03.2017 -

Монографијата: Македонска Александрида (Извадок од „Славјано - маќедонската општа историја“ од Ѓорѓија М.Пулевски), подготовка и транслитерација Блаже Ристовски и Билјана Јосифовска - Ристовска (Скопје: Институт за национална историја, 2005), 242 стр. е доспапна за превземање во пдф формат на страната на проф. д-р Билјана Ристовска - Јосифовска на www.academia.edu (https://ini.academia.edu/BiljanaRistovskaJosifovska).

Истата може да ја превземете директно преку линкот под текстов.

https://www.academia.edu/attachments/52211413/download_file?st=MTQ5MDAxMzYzOSw3Ny4yOC4yNy42MCw0NTY0NjMx&s=profile&ct=MTQ5MDAxMzYzNywxNSw0NTY0NjMx

Студиска програма Историја на Македонија (докторски студии)

28.02.2017 -

Потребата од проучувањето на богатото историско минато на Македонија резултираше со иницијативата за студиска група за трет циклус, насловена како „Историја на Македонија“. Станува збор за комплексни докторски студии преку кои определена историска проблематика се проучува на интердисциплинарно методолошко рамниште. Тоа значи и континуитет во надградување на знаењата на кандидатите од областа на историската наука, особено што во рамките на постдипломските студии на Институтот за национална историја - Скопје функционираат десет студиски групи во кој се обработуваат различни периоди и аспекти од историјата на Македонија и пошироко.

За време на докторските студии кандидадите - докторанди се здобиваат со продлабочено знаење од определен период и аспект од македонската историја, што им овозможува успешно да се соочат со предизвиците на научноистражувачката работа.

Во поглед на наставата, истата ја изведуваат истакнати професори и научни работници од Институтот за национална историја, а по потреба и професори од други универзитети и сродни институции од земјата и од странство.

Докторските студии се изведуваат во текот на три академски години или вкупно шест семестри од кои првите два семестра се насочени кон апсолвирање на знаењата предвидени со Школата за докторски студии при УКИМ, како и на наставните предмети од предложената листа. Во текот на овие два семестра предвидени се и консултации со менторот. Во третиот семестар кандидатите се фокусирани на пријава на темата за докторска дисертација, а во наредните три семестри приоритетни се истражувачкиот процес и реализацијата на дисертацијата. Исто така пожелно е кандидадите да учествуваат на домашни и меѓународни симпозиуми и да објавуваат научни прилози во соодветните списанија.

Во текот на студиите предвидена е интензивна соработка со менторот, кој треба да го упати кандидадот во соодветната методологија и спецификите на обработуваната проблематика, што претставува солидна основа за формирање сериозен научен кадар, кој што ќе се занимава со проучување на историското минато на Македонија.

Студиската програма Историја на Македонија од трет циклус студии – докторски студии при Институтот за национална историја може да ја превземете од линкот под текстот. Раководител на студиската програма е проф. д-р Маја Ангеловска – Панова (angelovska_maja@yahoo.com)

Студиска програма Историја на Македонија (докторски студии)

Известување за собирање на материјали за новиот број на ГИНИ за 2017 година

27.01.2017 -

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека започна подготовката на новиот број на ГЛАСНИКОТ на Институтот за национална историја (ГИНИ) за 2017 година и ве покануваме на соработка со ваши прилози.

Ве молиме при подготовката на трудовите да се придржувате до упатството што е во прилог.

Прилозите треба да се достават во печaтена и во електронска форма кај проф. д-р Лидија Ѓурковска (lidija.dimitrijevska@gmail.com).

Крајниот рок за доставување на прилозите е 1. III 2017 год.

Со почит,

Редакцијата на ГИНИ

Известување за собирање на материјали за новиот број на ГИНИ за 2017 година

Студиска програма Културна историја на Македонија (докторски студии)

27.01.2017 - Студиската програма Културна историја на Македонија од трет циклус студии - докторски студии на Институтот за национална историја може да ја превземете преку линкот под текстов. Раководител на Студиската програма Културна историја на Македонија е проф. д-р Билјана Ристовска - Јосифовска (brjosifovska@yahoo.com)
Студиска програма Културна историја на Македонија (докторски студии)

Гласникот на ИНИ, бр.1, Скопје 2016 достапен за слободно превземање

02.11.2016 - Од печат излезе Гласникот на Институтот за национална историја, број 1 за 2016 година. Овој број на Гласникот започнува со текстот „По повод 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски“ и содржи дваесет научни статии, два архивски материјали, пет рецензии - прикази, две соопштенија за одржани научни конференции и трибини, како и една библиографија. Главен и одговорен уредник е проф. д-р Драги Ѓорѓиев (директор на ИНИ), а, пак, Главен редактор на изданието е проф. д-р Катерина Мирчевска. Гласникот е достапен за слободно превземање во електронска форма (пдф формат) од нашата интернет страница во рубриката Публикации или од линкот под текстов.
Гласникот на ИНИ, бр.1, Скопје 2016 достапен за слободно превземање

Гласникот на ИНИ, бр. 2, Скопје 2016 достапен за слободно превземање

01.11.2016 - Од печат излезе Гласникот на Институтот за национална историја, бр. 2 за 2016. Овој број на Гласникот ги содржи материјалите од меѓународната научна конференција „МАКЕДОНИЈА И ПОЛСКА ВО МОДЕРНИЗАЦИСКИТЕ ПРОЦЕСИ ВО XIX – XXI ВЕК: ИСТОРИЈА – ПОЛИТИКА – ЈАЗИК КУЛТУРА – ЛИТЕРАТУРА“, (Скопје, 26-27 мај 2015година). Истиот е достапен за слободно превземање во електронска форма (пдф формат) од нашата интернет страница во рубриката Публикации или од линкот под текстов.
Гласникот на ИНИ, бр. 2, Скопје 2016 достапен за слободно превземање

Меѓународна научна конференција на тема „Идентитетот и самоидентификацијата на балканските народи, етничките и верските малцинства по распадот на Југославија. Историја – политика – култура – јазик – медиуми“

01.11.2016 - На 12-13.10.2016 г. во Краков, Р.Полска се одржа Меѓународната научна конференција на тема „Tożsamość i samoidentyfikacja bałkańskich narodów, mniejszości etnicznych i religijnych po rozpadzie Jugosławii. Historia – polityka – kultura – język – media.“ (Идентитетот и самоидентификацијата на балканските народи, етничките и верските малцинства по распадот на Југославија. Историја – политика – култура – јазик – медиуми). На конференцијата со свои реферати учествуваа и претставници од Институтот за национална историја во Скопје. Во рамките на конференцијата се одржа промоција на Гласникот на Институтот за национална историја бр. 2 за 2016 година кој ги содржи материјалите од меѓународната научна конференција „Македонија и Полска во модернизациските процеси во XIX - XXI век: историја – политика – јазик – култура – литература“, (Скопје, 26-27 мај 2015 година). Гласникот го промовираше директорот на Институтот за национална историја - Скопје, проф. д-р Драги Ѓорѓиев.

Предавање на доц. д-р Дарко Стојанов на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

14.12.2015 - На 9. декември 2015 г. доц. д-р Дарко Стојанов од Институтот за национална историја во Скопје одржа предавање со наслов "Групни идентитети во доцната антика и раниот среден век". Предавањето се одржа во свечената сала на Факултетот за образовни науки во Штип како дел од трибината на тема „Идентитет и етницитет во средниот век“, од серијалот предвидени трибини со наслов „Идентитет и етницитет низ историјата“, во организација на Институтот за историја и археологија на Факултетот за образовни науки и Центарот за правно-политички истражувања на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Известување за собирање на материјали за новиот број на Гласникот на ИНИ за 2016 г.

04.12.2015 - Ве известуваме дека започна подготовката на новиот број на Гласникот на Институтот за национална историја за 2016 година и ве покануваме на соработка со ваши прилози. Ве молиме при подготовката на трудовите да се придржувате до упатството што е во прилог. Прилозите треба да се достават во печaтена и во електронска форма кај проф. д-р Катерина Младеновска-Ристовска (katemlad@yahoo.com). Крајниот рок за доставување на прилозите е 1. III 2016 год.
Известување за собирање на материјали за новиот број на Гласникот на ИНИ за 2016 г.

Зборникот Балканот: луѓе, војни и мир достапен за слободно преземање

04.12.2015 - Балканот: луѓе, војни и мир, Материјали од Меѓународната научна конференција по повод 65 години од основањето на Институтот за национална историја одржана во Скопје на 4-5. ноевмври 2013 г. е достапен за слободно преземање во електронска форма (pdf формат). Истиот може да се преземе од нашата интернет страница во рубриката Публикации.

Научна трибина по повод одбележувањето на 1000 години од смртта - убиството на цар Гаврил Радомир

03.12.2015 - На 2. декември 2015 г. во организација на Институтот за национална историја – Скопје беше одржана научна трибина по повод одбележувањето на 1000 години од смртта – убиството на цар Гаврил Радомир. Научната трибина ја отвори директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Драги Ѓорѓиев. Потоа следеше работниот дел организиран во две сесии.

Предавање на проф. д-р Драги Ѓорѓиев на Универзитетот Тракија во Едрене, Турција

03.12.2015 - На 4. ноември 2015 г. директорот на Институтот за национална историја во Скопје, проф. д-р Драги Ѓорѓиев одржа предавање во Институтот за балкански истражувања при Универзитетот Тракија, со седиште во Едрене, Р.Турција. Темата на предавањето беше Османлиската историја во македонската историографија.

Нов број на Гласникот на ИНИ

02.12.2015 - Од печат излезе новиот број на Гласникот на Институтот за национална историја за 2015 година. Истиот е достапен за слободно преземање во електронска форма (пдф формат) од нашата интернет страница во рубриката Публикации.

Предавање на проф. д-р Константинос Гиакумис - University of New York, Tirana

01.06.2015 - Институтот за национална историја има задоволство да ве покани на предавање на професорот д-р Костантинос Гиакумис од Њу Јорк универзитетот од Тирана, Република Албанија. Насловот на предавањето е „Contesting the Sacred in Space. Saint John Vladimir and the Westernmost Dominions of Tsar Samuel“. Предавањето ќе се одржи во петок (05.06.2015) во 10:30 часот во просториите на Институтот за национална историја. Предавањето ќе биде на англиски јазик. Професорот д-р Костантинос Гиакумис е заменик ректор на Њу Јорк универзитетот во Тирана. Неговиот истражувачки интерес е насочен кон повеќе области поврзани со доцно византиската и османлиската политичка, економска, социјална, религиозна и културна историја, историското образование на Балканот и управувањето со културното наследство.

Меѓународна конференција „Historiography and History Education in the South-Slavic and Albanian Speaking Regions“

30.05.2015 - Институтот за национална историја во соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија и Georg Eckert Institut für Internationale Schulbuchforschung - Braunschweig (Сојузна Република Германија) има чест да објави дека на 3 и 4 јуни 2015 година во просториите на Националната Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (3 јуни) и Хотел Солун (4 јуни) ќе се одржи меѓународна конференција „Historiography and History Education in the South-Slavic and Albanian Speaking Regions“. На конференцијата ќе земат учество 15 научни работници од Македонија, регионот и Европа. На крајот од првиот ден (3 јуни) предавање ќе одржи и проф. д-р Натали Клејер од Ecole des Hautes Etudes en Sciences Sociales - EHESS на тема „Albanians, Slavs and others: elements of a shared history“.
Програма

Меѓународна конференција „Македонија и Полска во модернизациските процеси во 19 - 21 век: Историја - политика - јазик - култура - литература“

18.05.2015 - Институтот за национална историја има чест да објави дека на 26 и 27 мај во просториите на Порта Македонија и Институтот за национална историја ќе се одржи научна конференцијата „Македонија и Полска во модернизациските процеси во 19 - 21 век: Историја - политика - јазик - култура - литература“. На конференцијата ќе учествуваат 26 учесници од Македонија и Полска.
Програма
Во рамките на конференцијата на 26 мај во просториите на Порта Македонија ќе бидат промовирани и три зборника:
1. ПОЛСКО – МАКЕДОНСКИ ВРСКИ, Институт за национална историја, Скопје 2015
Промотори: Ирена Ставови - Кавка, Катерина Мирчевска
2. MACEDONIA IN 20 TH AND 21 ST CENTURY. HISTORY, RELIGION, CULTURE, LANGUAGE, LAW, POLITICS, Politeja Nо. 4 (30), Krakow 2014
Промотор: Драги Ѓоргиев
3. PRACE KOMISIJI SRODOKOWOEUROPEJSKIEJ PAU, tom XXII, Polska Akademia Umiejetnosci, Wydzial Histortczno – Filolozoficzny, Krakow 2014
Промотор: Мачеј Кавка

Предавање на директорот на ИНИ, проф. д-р Драги Ѓорѓиев

17.03.2015 - На 11 март 2015 година, директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Драги Ѓоргиев одржа предавање на Факултетот Artes Liberales на Варшавскиот универзитет. Професорот Ѓоргиев, кој ја истражува османлиската историја во предавањето насловено „Islam in Macedonia: Historical Aspects and Present Controversy“ се осврна на современите аспекти од егзистирањето на исламот во Република Македонија.
Линк

Меѓународна научна конференција: Евреите во Македонија: историја, традиција, култура, јазик и религија

17.12.2014 - На 18 декември во 11 часот во свечената сала на МАНУ по повод 70 години од возобновувањето на Еврејската заедница во Република Македонија (1944-2014) ќе биде отворена конференцијата „Евреите во Македонија: историја, традиција, култура, јазик и религија“. На конференцијата учество ќе земат 39 научни работници од државата и странство. Програма

Нови изданија на Институтот за национална историја

17.11.2014 - Институот за национална историја има чест да објави нови публикации. Професоркита Ленина Жила го објави својот труд за односите меѓу Советскиот Сојуз и ВМРО на Тодор Александров, а пензионираниот научен работник на ИНИ, проф. д-р Милка Здравева објави збирка на нејзини статии и прилози кои се однесуваат на 18 и првата половина на 19 век. Исто така во последниот месец ИНИ ги објави и последните броеви на Гласникот на ИНИ за 2013 и 2014 година.

Конференција: Историографија и историско образование

15.10.2014 - Институтот за национална историја во соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (Скопје) и Георг Екерт институтот за истражување на меѓународни учебници (Брауншвајг)/Georg Eckert Institute for International Textbook Research објавуваат повик за учество на академска конференција „Историографија и историско образование во јужнословенските и албанските говорни региони“ која ќе се одржи во Скопје, од 3 до 5 јуни 2015 година.
Целта на конференцијата е да обезбеди простор за академска дискусија за сложената транс-културна историја на регионот и за улогата на историското образование во создавањето на меѓусебните перцепции и односи. Конференцијата цели кон разбирање на минатото и особено на социјално-политичкиот контекст кој влијае на историографската продукција и во пишувањето историски учебници. Повеќе информации за конференција може да прочитате тука

Тркалезна маса: Илјада години од битката на Беласица и смртта на цар Самоил

12.09.2014 - Институтот за национална историја во рамките на неговата соработка со МАНУ за одбележување на значајни настани има чест да објави дека на 6 ноември 2014 година ќе се одржи тркалезна маса по повод илјада години од битката на Беласица и смртта на цар Самоил. Заинтересираните учесници можат да се пријават за учество со свои излагања на следниве тези:
1. Идеологија, идентитет, етницитет: воспоставување на Самоиловата држава,
2. Самоил во изворните материјали: конструкција-деконструкција,
3. Конфликтот со Византија: Самоил како воен стратег,
4. Дипломатските активности на Самоил,
5. Црковната организација во Самоиловата држава и
6. Самоил како дел од балканското и македонското културно наследство.
Сите заинтересирани учесници треба најдоцна до 15 септември да испратат пополнета пријава на romaion@gmail.com заедно со резиме од максимум 400 зборови.
Повеќе информации за тркалезната маса може да прочитате тука, а пријавата може да ја симнете тука.

Научен собир - АСНОМ и македонската држава

12.09.2014 - Институтот за национална историја има задоволство да објави дека во соработка со Македонската академија на науките и уметностите по повод 70 години од одржувањето на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година ќе организира научен собир со наслов „АСНОМ и македонската држава“. Собирот ќе се одржи на 21 ноември 2014 година. Заинтересираните учесници ќе можат да учествуваат со свои реферати на следниве теми:
1. Мотивите на македонскиот народ за определба за самостојност и сопствена државност до АСНОМ,
2. АНОМ - континуитет на македонската државност,
3. Од АСНОМ/НРМ/СРМ до Република Македонија,
4. Значењето на Авнојските и Асномските одлуки за конституирањето на Република Македонија како независна и самостојна држава по 1991 година,
5. Редефинирање на државноста од национален во граѓански модел,
6. Република Македонија денес и интерпретирањето на АСНОМ - 1944,
7. Новиот поредок во Светот и Европа и државноста на Република Македонија и
8. АСНОМ - поглед од надвор
Сите заинтересирани научни работници и истражувачи кои сакаат да земат учество на овој собир треба да се определат за некоја од наведените теми и да испратат резиме (максимум 400 зборови) на mantovska@manu.edu.mk најдоцна до 15 септември 2014 година. Повеќе информации може да прочитате тука

Предавање на доц. д-р Влада Ивановиќ - Институт за современа историја, Белград

09.09.2014 - Институтот за национална историја има задоволство да ве покани на уште едно предавање посветено на скорешното минато. Овој пат предавање ќе одржи доц. д-р Влада Ивановиќ на тема „Geburtstag: југословенските гастарбајтери во СР Германија и Австрија“. Предавањето ќе се одржи на 12 септември 2014 (петок) во 10:30 часот во просториите на Институтот за национална историја. Доц. д-р Влада Ивановиќ работи во „Институт за сувремену историју“ во Белград, а во исто време е научен соработник на катедрата за југоисточна Европа на Универзитетот Хумболт (Humboldt Universität) во Берлин. На предавањето д-р Ивановиќ ќе зборува на темата за југословенските „гастарбајтери“ во австриското и германското општество, тема која Влада Ивановиќ ја анализирал во својата докторска дисертација под наслов „Geburtstag pišeš normalno: Jugoslovenski gasterbajteri u SR Nemačkoj i Austriji“ објавена како монографија во 2012 година. Целта на книгата е да се покаже начинот на кој Југословените заминале на „привремена“ работа, што ги натерало на тоа, со какви проблеми се соочувале, каков било односот на средината во која пристигнале, но и каков бил односот на Југославија према нив, т.е. каква била миграционата политика на СФРЈ. Оваа книга, всушност, претставува прв историографски труд кој го третира прашањето на југословенските емигранти како важен дел од социјалистичкото југословенско општество.

Конкурс за запишување на студенти на втор циклус на студии

06.09.2014 - Институтот за национална историја објавува конкурс за запишување на студенти на втор циклус на студии (последипломски студии). Пријавувањето на кандидатите во првиот рок ќе се врши од 15 септември до 17 октомври 2014 година, а запишувањето на прифатените кандидати ќе се изврши на 23 и 24 октомври 2014 година. Вториот рок за запишување на кандидати ќе трае од 8 до 20 јануари 2015, а запишувањето на прифатените кандидати ќе се изврши на 26 и 27 јануари 2015 година. Конкурсот за запишување на студенти може да го симнете тука

Предавање на проф. д-р Радина Вучетиќ - Филозофски факултет на Универзитетот во Белград

04.09.2014 - Институтот за национална историја има задоволство да ве покани на предавање на проф. д-р Радина Вучетиќ, насловено „Кока - кола социјализам: југословенскиот социјализам на американски начин“. Предавањето ќе се одржи на 9 септември 2014 (вторник) во 10:30 часот во просториите на Институтот за национална историја Професор Радина Вучетиќ предава на катедрата за општа и современа историја при Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград. Нејзин најпознат труд е книгата „Кока - кола социјализам: Американизација југословенске популарне културе шездесетих година XX века“ која има доживеано неколку изданија. Во неа Вучетиќ ја анализира историјата на популарната култура во социјалистичка Југославија, земја со комунистичка идеологија спакувана во капиталистичко пакување. Држава, која во едно интервју таа ја дефинира како „земја во која се свирело и пеело рокенрол, но и револуционерни песми и песми за Тито, во која се гледале американски филмови, но се гледале и филмови за Народноослободителната војна, земја во која децата гледале цртани филмови на Волт Дизни, но ја давале и пионерската заклетва и носеле црвени марами, земја во која се пиело кока-кола, но се произведувал и руски квас, се одело на гитаријади, но и на слетови по повод Денот на младоста“. На предавањето во ИНИ, професор Вучетиќ ќе зборува токму за оваа американизација на југословенската поп култура.

Меѓународна научна конференција: Евреите во Македонија: историја, традиција, култура, јазик и религија

08.08.2014 - Институтот за национална историја има задоволство да објави дека во соработка со Еврејската заедница во Република Македонија и Македонската Академија на Науките и Уметностите организира меѓународна научна конференција по повод 70 години од возобновувањето на работата на еврејската заедница во Македонија по Втората Светска војна (1944-2014) која ќе се оддржи на 18-19 Декември 2014 година во Скопје. Работни јазици на конференцијата ќе бидат македонски и англиски. Краен рок за доставување на апстракти е 30 септември 2014 година. Учесниците чии реферати ќе бидат одобрени ќе бидат известени најдоцна до 31 октомври 2014 година. Пријавите за конференцијата може да ги симнете тука

Меѓународна научна конференција „The Great War: Regional Approaches and Global Contexts“ (18-21.06.2014, Сараево)

21.05.2014 - Институтот за национална историја во соработка со други научни институти од Сараево, Регензбург, Љубљана, како и академиите од Унгарија и Бугарија е организатор на меѓународна научна конференција по повод стогодишнината од почетокот на Првата Светска војна: The Great War: Regional Approaches and Global Contexts . Конференцијата ќе се одржи од 18 до 21 јуни во Сараево, Република Босна и Херцеговина. Целта на конференцијата е да ги разгледа причините, текот и политичките и економските последици од Првата Светска војна врз основа на нови историски истражувања во контекст на европската и поконкретно на балканската историја. На конференцијата ќе учествуваат повеќе од 150 историчари од повеќе земји од регионот и Европа. Програма

21.05.2014 - Институтот за национална историја во соработка со други научни институти од Сараево, Регензбург, Љубљана, како и академиите од Унгарија и Бугарија е организатор на меѓународна научна конференција по повод стогодишнината од почетокот на Првата Светска војна: The Great War: Regional Approaches and Global Contexts . Конференцијата ќе се одржи од 18 до 21 јуни во Сараево, Република Босна и Херцеговина. Целта на конференцијата е да ги разгледа причините, текот и политичките и економските последици од Првата Светска војна врз основа на нови историски истражувања во контекст на европската и поконкретно на балканската историја. На конференцијата ќе учествуваат повеќе од 150 историчари од повеќе земји од регионот и Европа. Програма

11.02.2014 - Од неодамна, Институтот за национална историја е дел од CEEPUS програмата (Central European Exchange Program for University Studies). За академската 2014/2015 година ИНИ е партнер во мрежата "Questions to the History of Central and East-Central Europe in the Middle Ages and the Early Modern Europe".
Отсега, постдипломците, докторандите, како и дел од научниот кадар имаат можност да аплицираат за студиски престој на некој од партнерските универзитети на оваа мрежа, како на пример Централно европскиот универзитет од Будимпешта (CEU), Јагелонскиот Универзитет, Универзитетот во Белград, во Загреб, во Велико Трново и други.
Повеќе информации за CEEPUS може да се прочитаат на CEEPUS

18.12.2013 - Редакцијата на Гласникот на ИНИ започна со подготовка на новиот број на Гласникот за 2013 година. Сите заинтересирани можат да ги испратат своите прилози на доц. д-р Катерина Младеновска katerina.mladenovska@ini.ukim.mk
Крајниот рок за доставување на прилозите е 31.03.2014 година. При подготовката на прилозите, ве молиме, да се придружувате на постоечкото
упатство

29.11.2013 - На 30.10.2013 година турското историско друштво Türk Tarih Kurumu со седиште во Анкара (формирано во 1932 г.) единствена турска научна институција членка на здружението на европските академии, по повод 90 години од формирањето на Република Турција, во конкуренција на повеќе од 300 кандидати, во своите редови свечено прими 62 почесни и дописни членови. Повеќето од примените членови се познати историчари (османисти и турколози) од најпознатите универзитети и институти од повеќе од 28 земји, меѓу кои: САД, Канада, Англија, Јапонија, Франција, Германија, Полска, Италија, Холандија, Израел, Грција, Унгарија, Хрватска, Азербејџан, Саудиска Арабија, Кувајт, Јемен, Либан, Египет, Тунис и др.). Меѓу нив беа примени и проф. д-р Драги Ѓоргиев, османист - научен советник во Институтот за национална историја и проф. д-р Амет Шериф, османист - научен советник во Институтот за национална историја. Помеѓу повидните членови на ова друштво се наоѓаат Халил Иналџик, Кемал Карпат, Џемал Кафадар, Хит Лори и др.
Свеченото прогласување и церемонијата на облекувањето на свечената тога се одржа во хотелот „Чираган палас – Кемпински“ во Истанбул, во присуство на потпретседателот на Владата на Република Турција, Булент Аринч и на други видни јавни и научни личности.

Научна трибина - Од АВНОЈ, СФРЈ и СРМ до Република Македонија

24.11.2013 - На 29.11.2013 година во 11 часот по повод 70 години од Второто заседание на АВНОЈ (29.11.1943), во просториите на Институтот за национална историја ќе се одржи научна трибина под наслов „Од АВНОЈ, СФРЈ и СРМ до Република Македонија“. Модератор на трибината ќе биде проф. д-р Марјан Димитријевски.
програма

Меѓународна научна конференција „Балканот: луѓе, војни и мир“ (4-5.11.2013, Скопје)

09.11.2013 - На 4 и 5 ноември во просториите на ректоратот на универзитетот Св. Кирил и Методиј во организација на Институтот за национална историја, по повод 65 години од функционирањето на ИНИ, се одржа меѓународната научна конференција „Балканот: луѓе, војни и мир“. На отворањето на конференцијата говореа директорот на ИНИ проф. д-р Драги Ѓорѓиев и проректорот за наука на универзитетот Св. Кирил и Методиј проф. д-р Владимир Петрушевски.
На собирот учествуваа вкупно 88 историчари, политиколози, антрополози, лингвисти и научници од други области од Македонија и други земји од регионот и Европа, во текот на два дена ги презентираа своите видувања за феномените на војната и мирот. Учеството на научници од различни области требаше да даде интердисциплинарен и мултиперспективен поглед на значајни прашања и процеси кои оставиле трага на сите аспекти од животот на индивидуите и на општествата. Материјалите од оваа конференција ќе бидат објавени во посебен зборник.
Исто така, во рамките на конференцијата се одржа и тркалезна маса на тема „Македонија низ историските пресвртници (1878-1913-2001)“ организирана од Балканолошкото одделение на ИНИ.
За настанот, со идентичен наслов „Историјата да остане на науката, не на политиката“, известија и дел од електронските медиуми.
ALFA TV
SITEL

Најновиот број на Гласникот на ИНИ

09.11.2013 - Овој месец излезе најновиот број на Гласникот на ИНИ за 2012 година (год.56, бр.1-2) Главен редактор на изданието е проф. д-р Ирена Стефоска, а секретар доц. д-р Катерина Младеновска-Ристовска. Наскоро, најновиот број на Гласникот ќе биде постиран и на веб порталот.

Меѓународна научна конференција „Балканот: луѓе, војни и мир“ (4-5.11.2013, Скопје)

05.11.2013 - На 4 и 5 Ноември во просториите на ректоратот на универзитетот Св. Кирил и Методиј ќе се одржи меѓународната научна конференција: „Балканот: Луѓе, војни и мир“. На конференцијата се очекува да учествуваат 100 научни работници од Македонија и Европа кои ќе ги презентираат своите реферати и ќе дебатираат во три секции поделени според хронолошки и тематски принцип. Целта на овој научен собир, кој се организира по повод 100-годишнината од Балканските војни и 65-годишнината од основањето на ИНИ, е да поттикне дополнително интердисциплинарно истражување на феномените на војна и мир на Балканот (особено во Македонија), и да подобро да го разбере нивното влијание врз одредени историски процеси кои оставиле трага на сите аспекти од животот на индивидуите и општеството. Јазици: македонски и англиски. Програма

04.11.2013 -

10.10.2013 - На 16 октомври (среда) во 12:00 часот во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје, Институтот за национална историја ќе го промовира своето последно издание „Историја на Институтот за национална историја“ од проф. д-р Марјан Димитријевски. Трудот ќе го промовира проф. д-р Драги Ѓоргиев.

15.09.2013 - Институтот за национална историја објавува конкурс за запишување на студенти на втор циклус на студии (последипломски студии). Пријавувањето на кандидатите во првиот рок ќе се врши од 16 септември до 18 октомври 2013 година, а запишувањето од 8 до 20 јануари 2014 година. види повеќе

01.09.2013 - На 4 и 5 октомври 2013 г. Институтот на национална историја во соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците - Скопје и Државниот архив на Република Македонија организира научен собир под наслов: Охридско-дебарското септемвриско востание (1913). Собирот ќе се одржи во Охрид (4 октомври) и Дебар (5 октомври) и на него ќе учествуваат 13 научни работници од Р. Македонија.

20.06.2013 - Редакцијата на Гласникот на ИНИ заврши со собирањето на материјали за новиот број (56 за 2012 г.)

20.05.2013 - ИНИ потпиша Меморандум за соработка со Институтот за Студии на Источна и Југоисточна Европа при Универзитетот во Регенсбург

10.05.2013 - ИНИ упати повик за учество на меѓународната конференција „Балканот: луѓе, војни и мир“ (4-5.11.2013, Скопје)

24.04.2013 - Тројца истражувачи од ИНИ ги промовираа своите научни трудови: Љубица Јанчева („Последните децении со СФРЈ“, Менора), Катерина Сарова-Мирчевска („Нова дестинација – нова татковина“, Аз-буки), Македонка Митрова („Кралството Србија и османлиска Македонија 1903-1913: Политика на интервенција“, Менора).

05.03.2013 - ИНИ потпиша Меморандум за соработка со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија

05.02.2013 - во ИНИ е отворена изложба на историски фотографии

Финансирано од

Институт за национална историја

Надворешни врски

ул. Григор Прличев бр.3

1000 Скопје

Република Македонија

тел.: +389 2 3114 078

дир.: +389 2 3115 831

contact@ini.ukim.mk

Контакт
Универзитет „св. Кирил и Методиј“
Државен архив на РМ